/ Спа центар понуда /
Масажата претставува еден од најстарите методи во светот наменети за лекување. Ако порано била сметана за луксуз денес е вистинска потреба која служи за подобрување на физичкото и менталното здравје. Помага да се елиминираат болките во грбот, вратот и главата, го намалува нивото на стрес и поволно делува на имунитетот на организмот.
Спа Сириус нуди широк избор на масажи кои се изведуваат од страна на сертифициран обучен кадар кој настојуваме да биде секогаш во чекор со светските трендови и иновации преку посета на редовни обуки и специјализации.
Специфичноста на масажите наложува употреба на исклучително професионални, премиум козметички брендови. Ексклузивноста на нашиот спа центар е надополнета со светски - познатиот германски бренд - Janssen Cosmetics. Врвниот квалитет на Janssen обезбедува исклучителни резултати при третманите за релаксација.
Затоа слободно препуштете се на нашите експерти за убавина и добросостојба кои внимателно слушајќи ги Вашите потреби ќе ве советуваат и ќе ви го препорачаат токму она што ви е најпотребно за повторно да се чувстувате релаксирани, подмаладени и полни со енергија.
Дозволете да ве разгалиме. Опуштете го умот, смирете ја душата и подигнете го духот.