Тел: +389 34 345 141 Моб: +389 71 322 987
Email: sirius@t.mk
Хотел Сириус Spa & Wellness. Сe, онаму каде што ви е потребно.
Bистинско место за одмор и релаксација
Хотел Сириус Spa & Wellness - располага и со Spa & Wellness центар на површина од 1500 м2. Bистинско место за одмор и релаксација. За ваш пријатен и незаборавен престој ви ги нудиме следните содржини:
Spa & Wellness правила Spa & Wellness придобивки
Spa & Wellness центарот нуди широка палета на масажи и различни третмани на лице и тело со цел постигнување на благосостојба на телото и умот.
Затворениот базен со идеална температура од 28-30 °C , ви овозможува да уживате во пливањето.
Џакузито е совршеното место како за ментална, така и за физичка релаксација со семејството и пријателите. Силната хидро-масажа помага при опуштање на мускулите и побрзо заздравување на спортски повреди. Топлата вода и водната масажа ги прошируваат крвните садови со што ја зголемуваат температурата на телото и ја подобруваат циркулацијата
Солената бања е богата со минерали кои се корисни за вашето целокупно здравје. Во комбинација со идеалната температура од 33-34 степени Целзиусови, солената бања ја намалува болката во зглобовите и мускулите со што Ве остава релаксирани и опуштени. Освен тоа што ја прочистува кожата на телото, оставајќи ја хидратирана и мазна, на природен начин ја обновува телесната рамнотежа и го буди внатрешниот потенцијал за самоисцелување
Финската сауна го затоплува воздухот преку загревање на камења и при нивно полевање со вода се добива пареа која ја одржува влажноста на воздухот. Температурата на топлиот сув воздух достигнува до 95 степени Целзиусови со минимална влага од 5-10%. Не се препорачува на луѓе кои имаат срцеви заболувања, дијабетис, епилепсија и акутни инфекции. Идеална температура: 80-90 °C.
Инфрацрвената сауна емитува зраци исти како оние на природната сончева светлина притоа филтрирајќи ја ултравиолетовата радијација. Инфрацрвените зраци без премногу да го загреваат просторот се апсорбираат во кожата и на тој начин го загреваат телото. Идеална температура: 40 – 50 °C
Турската и парната бања го затоплуваат воздухот преку пареа и внатре влажноста достигнува до 100 %. Температурата може да варира од 35 до 50 степени Целзиусови. Идеална температура: 40-45 °C.
Фитнес салата е опремена со најсовремена опрема од компанијата KETTLER. Вклучува траки за трчање, статични велосипеди, елиптични велосипеди, скален симулатор, тегови, пилатес топки и повеќефунционални справи за оформување на телото.
Освежете се со природни сокови, релаксирајте се со шолја кафе или чај и надополнете го Вашето спа искуство со прекрасниот амбиент кој ви го нуди витаминскиот бар