Ви нудиме пријатен престој, одмор, забава и релаксација преку целата година.
Хотел Сириус Спа и Велнес-Струмица е лоциран во Југоисточниот регион на Република Македонија, во мирна и тивка средина, на само 1,5 км од центарот на градот, 160 км од главниот град Скопје, 30 км од макодонско-грчката граница и 20 км од македонско-бугарската граница. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.
116
7
45
56
5
3
На гостите им е достапен бесплатен приватен паркинг, перална и собна услуга. Хотелските соби имаат тераси со спектакуларен поглед на прекрасно уредениот парк околу хотелот.
Салите за состаноци се целосно опремени со најсофистицирана техничка опрема.
Организација на екскурзии до најпознатите туристички места во околината, традиционална македонска вечер со македонска кујна, жива музика и фолклорни играорни групи
Обезбедува квалитетна услуга во топла и гостопримлива средина на своите гости им гарантира комфорен и пријатен престој.