Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година. Сместувачкиот капацитет на хотелот се состои од 116 соби, 2 сали, Кристална сала со капацитет од 400 седишта и Огледална сала со капацитет од 700 седишта.
За насХотел Сириус Спа и Велнес-Струмица е лоциран во Југоисточниот регион на Република Македонија, во мирна и тивка средина, на само 1,5 км од центарот на градот, 160 км од главниот град Скопје, 30 км од макодонско-грчката граница и 20 км од македонско-бугарската граница. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.
ПОВЕЌЕСместувачкиот капацитет на хотелот се состои од 116 соби, еднокреветни, двокреветни, трокреветни соби и апартмани. Собите имаат тераси со поглед кон блиската планина и убаво уредениот парк и базените.
За ваш пријатен и незаборавен престој Ви ги нудиме содржините за забава на надворешните базени, и одмор и релаксација во нашиот ултра модерен Spa & Wellness центар.
Во нашите ресторани можете да ја вкусите традиционалната македонска храна приготвена од нашите кувари и да уживате во Вашите дружења и средби со пријатели.
За вашите бизнис средби, Хотел Сириус Ви нуди Конгресна и Бизнис сала, опремени со најнова, софистицирана опрема.
За време на летниот период Хотел Сириус Ви нуди пријатно освежување на двата надворешни базени. Тука може да уживате во летните горештини со некој од нашите коктели.
За Вашите свечености хотелот располага со две прекрасни модерно опремени сали: Кристална сала и Огледална сала.
Љубезниот и професионален персонал на нашиот хотел Ви нуди топло добредојде.
Струмица е град со восхитна убавина, љубезни домаќини, богата историја, вкусна храна. Царевите кули заштитнички издигнати над градот даваат показ на незаборавот кон нашата историја. Широкиот плоштад и зеленилата собрани на едно место создаваат незаменлива глетка на град со долга традиција и култура.
ПОВЕЌЕ