Манастирската црква "Св.Леонтиј" во Водоча која најверојатно потекнува од времето на Цар Самоил, била седиште на Струмичката епископија. Со голема веројатност може да се претпостави дека во овој манастир, печиси пред 1000 години, се вршело препишување на црковни книги од грчки на старословенски јазик.
Имајки го во предвид фактот дека фреско-живописот во "Св.Леонтиј" е идентичен со фреските во Охридската црква Св.Софија и со оние во црквата "Св.Врачи" во Костур, Егејска Македонија, може приближно да се одреди староста на Водочката црква: крајот на 10 или почетокот на 11 век, а може и нешто порано.