Хотел Сириус е сместен во тивка и мирна средина со оддалеченост од 1.5km од центарот на градот. Местоположбата на Сириус е идеална бидејќи се наоѓа на 20km од македонско-бугарската граница, 30km од македонско-грчката граница, 250km ид Охрид и само 150km од Скопје.
Хотел Сириус е место што нуди автентична услуга и единствено искуство при секоја посета. Вистинско уживање и воодушевување на своите гости им нуди прекрасно уредениот парк со површина од 1,000m2.
На своите гости им обезбедува бесплатен и безбеден паркинг и 24 часовно обезбедување што значи сигурен престој на просетителите.
За уживање во специјалните од домашната и странската кујна приготвени од врвни кулинарски мајстори на гостите им стојат на располагање: /
За организирање на прослави и свечености:
Хотел Сириус со својата Кристална Сала им нуди на своите гости незаборавни моменти на уживање. За организирање на деловни средби хотел Сириус на своите гости им ги нуди:
За сметување на своите гости Ви нудиме соби уредени во модерен стил каде ќе поминете вистински одмор.
За освежување од летните горештини посетителите на хотел Сириус може да го користат базенот и летниот шанк.
Со поседување на сертификатот ISO 9001: 2008 и HACCP систем, хотел Сириус на посетителите им обезбедува целосна безбедност и сигурност во користењето на сите услуги што ги нуди.
ДОЈДЕТЕ ПОСЕТЕТЕ НЀ
ПОМИНЕТЕ НЕЗАБОРАВНИ МОМЕНТИ
Салите за состаноци со со сопствена опрема: LCD проектор, платно за проектирање, Флип чарт...

Во мугрите на летните денови, осветлен од првите зраци на сонцето, додека градот сеуште спие, Цареви кули се издигаат на д Струмица како светилник над плодното струмичко поле. Денес длабоко во својата потсвест струмичани го носат сеќавањето на величенствените победи остварени во деновите кога цврстите неосвоиви ѕидини на Цареви Кули ја одлучувале судбината на градот.

На 630m надморска височина, на реката Баба, над Колешино, во еден од најживописните предели на шумовитата, таинствена, и со води богата Беласица се открива Колешкиот водопад. Скриен меѓу карпита и јаворите нуди нов предизвик и средба со природата која треба да се доживее. Колешкиот водопад е сопј од неколку водопади од кои доминира главниот со висина од 20 метри. Колешкиот водопад е прогласен за споменик на природата.

На тромеѓјето меѓу Македонија, Бугарија и Грција во пазувите на планината беласица, на надморска височина од 650 метри се наоѓа една од најголемите природни убавини во Македонија - Смоларски водопад. Водите паѓаат од височина од 35 метри и ја чинат неповторливата глетка и доживување. Изградена е патека од 400 метри, обезбеден е пристап за вистинското доживување.

Манастирската црква "Св.Леонтиј" во Водоча која најверојатно потекнува од времето на Цар Самоил, била седиште на Струмичката епископија. Со голема веројатност може да се претпостави дека во овој манастир, печиси пред 1000 години, се вршело препишување на црковни книги од грчки на старословенски јазик.
Имајки го во предвид фактот дека фреско-живописот во "Св.Леонтиј" е идентичен со фреските во Охридската црква Св.Софија и со оние во црквата "Св.Врачи" во Костур, Егејска Македонија, може приближно да се одреди староста на Водочката црква: крајот на 10 или почетокот на 11 век, а може и нешто порано.