Ресторан Елегант
Ресторанот Елегант е со капацитет од 150 гости. Ресторанот е со централен систем за ладење и греење.
Ресторанот Елегант е со капацитет од 150 гости. Ресторанот е со централен систем за ладење и греење.

Во мугрите на летните денови, осветлен од првите зраци на сонцето, додека градот сеуште спие, Цареви кули се издигаат на д Струмица како светилник над плодното струмичко поле. Денес длабоко во својата потсвест струмичани го носат сеќавањето на величенствените победи остварени во деновите кога цврстите неосвоиви ѕидини на Цареви Кули ја одлучувале судбината на градот.

На 630m надморска височина, на реката Баба, над Колешино, во еден од најживописните предели на шумовитата, таинствена, и со води богата Беласица се открива Колешкиот водопад. Скриен меѓу карпита и јаворите нуди нов предизвик и средба со природата која треба да се доживее. Колешкиот водопад е сопј од неколку водопади од кои доминира главниот со висина од 20 метри. Колешкиот водопад е прогласен за споменик на природата.

На тромеѓјето меѓу Македонија, Бугарија и Грција во пазувите на планината беласица, на надморска височина од 650 метри се наоѓа една од најголемите природни убавини во Македонија - Смоларски водопад. Водите паѓаат од височина од 35 метри и ја чинат неповторливата глетка и доживување. Изградена е патека од 400 метри, обезбеден е пристап за вистинското доживување.

Манастирската црква "Св.Леонтиј" во Водоча која најверојатно потекнува од времето на Цар Самоил, била седиште на Струмичката епископија. Со голема веројатност може да се претпостави дека во овој манастир, печиси пред 1000 години, се вршело препишување на црковни книги од грчки на старословенски јазик.
Имајки го во предвид фактот дека фреско-живописот во "Св.Леонтиј" е идентичен со фреските во Охридската црква Св.Софија и со оние во црквата "Св.Врачи" во Костур, Егејска Македонија, може приближно да се одреди староста на Водочката црква: крајот на 10 или почетокот на 11 век, а може и нешто порано.